ВИДЕО | Драма во Њујорк: Автобус виси од надвозникот, повредени се најмалку седум лица

Фото: Принтскрин

Најмалку седум лица се повредени во Њујорк кога автобус слетал од надвозник во Бронкс.

Како што соопшто полицијата, сите повредени се патници на автобусот и се префрлени во болница, пренесува британски Гардијан.

Итните служби го затвориле подрачјето заради инцидентот.

Снимките на социјалните мрежи покажуваат дека автобусот се раздвоил и дека неговиот преден дел паднал од надвозникот, а другиот дел останал таму.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот