ВИДЕО | Драма во германско училиште: Ученик со нож ги нападнал соучениците, полицијата го совладала

Германска полиција / Фото EPA-EFE/Blaulicht-News

Во средно училиште во Вупертал, на западот на Германија, ученик утрово со нож повредил неколку негови соученици, по што бил совладан и уапсен, а се здобил и со повреди.

Утрото околу 10 часот полицијата добила повик дека ученик со нож нападнал други ученици во гимназијата во центарот на градот, при што повредил петмина од нив. Засега не се знае дали некој од повредените ученици е во животна опасност.

По пристигнувањето на полицијата и специјалните полициски единици, напаѓачот бил совладан и поради повредите пренесен во болница. Полицијата во моментов проверува дали напаѓачот дејствувал сам или имал помошници. Според полицијата, за време на инцидентот немало пукање, а според некои медиуми во нападот бил употребен и нож. Повеќе информации за сторителот се уште не се објавени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот