ВИДЕО: Торнадо ги опустоши САД, најпогодени Оклахома и Ајова, петмина загинаа, меѓу нив и дете

Торнадо во САД/Фото: Скриншот/Х

Најмалку пет лица, меѓу кои и едно четиригодишно дете, загинаа, а многу се повредени во САД откако десетици торнада ги погодија јужните држави викендов. Најлошо помина во Оклахома, каде четири лица загинаа, додека петто лице загина во невремето во Ајова, јави Би-Би-Си.

Властите на Оклахома исто така известуваат за најмалку 100 повредени низ целата држава.

Националната метеоролошка служба издаде предупредување за силен ветер, силен дожд и град за повеќе од 47 милиони луѓе од Источен Тексас до Илиноис и Висконсин.

Низ централниот дел на земјава утре ќе продолжи нестабилното време, соопшти метеоролошката служба.

Гувернерот на Оклахома, Кевин Стит, прогласи „вонредна катастрофа“ во неговата држава, со што се достапни средства за спасувачките операции. Стит објави во видео порака на социјалните мрежи дека планира да ги посети местата опустошени од невремето и да се моли за погодените.

NWS објави дека 38 можни торнада допреле во областа и дека најлошото невреме ја опустоши централната Оклахома во саботата и рано синоќа, раширувајќи се во северозападниот дел на Тексас, западниот дел на Мисури и Канзас.

Агенцијата предупреди дека обемот на уништувањето сè уште се проценува, поради нередот со соборени дрвја и далноводи и патишта полни со отпад.

Торнадото целосно уништи и голем центар за испорака во градот Мариета, Оклахома.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот