ВИДЕО: Дожд од голови во Премиер лигата: На три натпревари се постигнаа 19 гола
Вистинска голеада донесе попладнето во Премиер лига, каде што на само три натпревари беа постигнати дури 18 погодоци.
Препорачано
На „Енфилд“, Ливерпул одигра моќно прво полувреме и го скрши отпорот на Вест хем, триумфирајќи со 5-2. Домашните практично ја завршија работата пред паузата со трите гола што ги постигнаа во првите 45 минути. Екитике го отвори резултатот уште во петтата минута, Ван Дајк зголеми во 24., а Мекалистер погоди пред самиот одмор. Вест хем возврати преку Соучек веднаш на стартот од вториот дел, но Гакпо повторно донесе сигурност за „црвените“. Гостите намалија на 4-2, а конечните 5-2 беа поставени со автоголот на Дисаси.
Ништо помалку возбудливо не беше ниту на дуелот меѓу Барнли и Брентфорд, кој гостите го добија со 4-3. Брентфорд имаше убедлива предност од 3-0 по половина час игра, но Барнли најпрво намали пред паузата, а потоа со два брзи погодоци во вториот дел стигна до израмнување. Во продолжение беше постигнат и четврти гол за домаќините, но истиот беше поништен поради недозволена позиција. Кога сите очекуваа дека дуелот можеби и најправедно ќе заврши без победник, Брентфорд преку Дамсгард постигна гол за сепак да слави на овој дуел.
Во третиот меч од денот, Евертон приреди изненадување на гостувањето кај Њукасл Јунајтед, славејќи со 3-2. Гостите беа поефикасни во клучните моменти и успеаја да ги однесат бодовите од тежок терен, заокружувајќи уште едно лудо и незаборавно попладне во англискиот фудбал.


