ВИДЕО: Дончиќ и Ирвинг го урнаа Шарлот, „трибл-дабл“ на Ламело Бол

Нов одличен настап за Лука Дончиќ/фото: EPA-EFE/ADAM DAVIS

Кошаркарите на Далас маверикс на домашен терен го совладаа Шарлот хорнетс со 124:118 во НБА лигата. Тројца играчи во редовите на екипата од Тексас запишаа „дабл-дабл“ учинок, додека Ламело Бол оствари „трипл-дабл“.

Гостите малку подобро влегоа во мечот и во втората четвртина стигнаа до големи 15 коша разлика (45:60). Од друга страна, Дончиќ не постигна поени во првата четвртина, но „се разбуди“ во втората четвртина и го водеше својот тим до победа.

Далас во последниот дел ја анулираше негативата од „минус 12“ од првото полувреме (50:62), поведе на седум минути до крајот на мечот (98:96) и не го испушти водството до крајот на натпреварот – 124 :118.

Седум играчи на Далас постигнаа двоцифрен број на поени, а најефикасен беше Лука Дончиќ со 23 поени, 12 скока и девет асистенции.

Како и Дончиќ, дабл-дабл учинок имаше и Кајри Ирвинг кој постигна 18 поени со 10 асистенции, Грант Вилијамс 18 поени, а Дерек Лајвли 15 поени и 14 асистенции.

Во тимот на Шарлот Ламело Бол оствари трипл-дабл учинок од 30 поени, 13 асистенции и 10 скока. Гордон Хејворд и Пи Џеј Вашингтон додадоа по 20 поени, а Марк Вилијамс 19 поени и 10 скока.

НБА лига, резултати

Кливленд Кавалирс – Голден Стејт Вориорс 115:104
Далас Маверикс – Шарлот Хорнетс 124:118
Портланд Трејл Блејзерс – Мемфис Гризлис 100:112

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот