ВИДЕО: Доминираа Јокиќ и Гордон, на крајот Денвер загуби од Орландо во НБА лигата

Никола Јокиќ („Денвер нагетс“)/фото: EPA-EFE/JASON SZENES

Кошаркарите на Орландо славеа над Денвер со 115:104 во натпреварот кој се одигра ноќта меѓу четвртокот и петокот во НБА лигата.

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ забележа „дабл-дабл“ учинок од 29 поени и 12 скокови, а Арон Гордон беше најефикасен играч на Нагетси кој запиша 37 поени со 13 скокови.

Во победничките редови за „магичните“ Вендел Картер постигна 19 поени, а го следеа Кол Ентони и Бол Бол со по 17.

Денвер е првопласиран во Западната конференција со 38 победи и 18 порази, додека Орландо е на 13 позиција на Истокот со 23 победи и 33 порази.

Во останатите натпревари, Атланта го совлада Феникс со 116:107, Бруклин беше подобар од Чикаго со 116:105, додека Милвоки славеше над Лејкерси со 115:106.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот