ВИДЕО: Доминација на „кралевите“ против Алавес, им избега победата на Барди и Леванте

Шампионски старт на Реал Мадрид во „Ла Лига“/Фото: EPA-EFE/Adrian Ruiz-Hierro

Во саботата се одиграа уште четири натпревари од првото коло во новата сезона од шпанската „Ла Лига“, еден од фаворитите за титулата Реал Мадрид славеше убедливо на гостувањето кај Алавес (1:4).

Мируваа мрежите по првото полувреме, а на стартот од вториот дел предност за „кралевите“ донесе Бензема.

Во 56 минута Начо после асистенцијата на Модриќ зголеми на 2:0, а Бензема во 62 по вторпат се запиша во листата на стрелците.

Домаќините ја намалија негативата од пенал преку Жозелу (65`), а во самиот финиш трите бода ги потврди Жуниор Винисиус (90+2`) по додавањето на новото засилување Алаба. Головите од натпреварот Алавес – Реал Мадрид можете да ги погледнете ТУКА

Македонскиот репрезентативец Енис Барди настапи од 63 минута како замена за Рожер во ремито на Леванте на гостувањето кај Кадиз.

Леванте имаше предност од 39 минута со погодокот на Моралес, но домаќините во 97 минута го избегнаа поразот благодарение на Еспино.

Александар Трајковски не беше во составот на Мајорка во домашното реми со Бетис (1:1), а немаше погодоци на средбата Осасуна – Еспањол (0:0).

ВИДЕО: Баерн ги шокираше навивачите, реми во првото бундеслигашко коло

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот