ВИДЕО: Додека Барса го чека, Агуеро со тажен крај во дресот на Сити!

epa09235991 Sergio Aguero (C) of Manchester City and teammates react during the runners up medal ceremony after the UEFA Champions League final between Manchester City and Chelsea FC in Porto, Portugal, 29 May 2021. EPA-EFE/Carl Recine / POOL

За првпат Манчестер сити влезе во финалето на Лигата на шампионите, но не успеа да дојде до титулата..

Челси на стадионот „Драгао“ во Порто дојде до победата, за лондонските „сини“ ова е втор трофеј во ЛШ.

„Граѓаните“ не беа на потребното ниво, а секако овој пораз им падна тешко, особено на Серхио Агуеро. Аргентинецот го одигра последниот натпревар во дресот на Сити, не можеше да ги задржи солзите.

Но, Агуеро дефинитивно ќе остане како една од легендите на клубот од „Етихад“, со клубот петпати ја освои Премиер лигата. Навивачите сигурно нема да ја заборават 2012 година кога токму Агуеро стрелаше за шампионска титула во последните минути од сезоната..

Како што се предвидува, нов клуб на Агуеро би требало од ова лето да биде Барселона.

Гвардиола: Барселона со Агуеро ќе биде уште посилна!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот