ВИДЕО: Челси е новиот европски шампион, Тухел станува „кошмар“ за Гвардиола!

epa09235731 Kai Havertz of Chelsea celebrates after scoring the 1-0 lead during the UEFA Champions League final between Manchester City and Chelsea FC in Porto, Portugal, 29 May 2021. EPA-EFE/Jose Coelho / POOL

Вечерва во големото финале на Лигата на шампионите одиграно на стадионот „Драгао“ во Порто екипата на Челси во англиската пресметка со 1:0 триумфираше над Манчестер сити.

Единствениот погодок на мечот во Португалија за лондонските „сини“ го реализираше германскиот интернационалец Каи Хаверц во 42 минута после асистенцијата на Мејсон Маунт.

Интересен е податокот кој вели дека во својот 20 настап во елитното европско клупско натпреварување, ова е прв гол за Хаверц во Лигата на шампионите.

Маунт е прв англиски фудбалер со асистенција во финале на ЛШ од 2008 година кога тоа му успеа на Вес Браун.

За Челси ова е втора титула во ЛШ, првата ја освои во 2012 година кога во Минхен по изведувањето на пеналите беше подобар од Баерн.

Кога сме кај тренерите, Томас Тухел доминира во меѓусебните дуели со Пеп Гвардиола. Германецот од моментот кога седна на клупата на Челси за само четири месеци го надмудри Шпанецот, во ФА Купот со 1:0, во Премиер лигата со 2:1 и сега во ЛШ со 1:0.

За „граѓаните“ ова беше првиот и единствен пораз сезонава во ЛШ, а за Челси втор, беше поразен во четвртфиналето од Порто.

ФИНАЛЕ, ЛИГА НА ШАМПИОНИ (2020/2021)

Стадион „Драгао“, Порто

Манчестер сити – Челси 0:1 (0:1)

Хаверц 42`

Манчестер сити: Едерсон, Зинченко, Дијас, Стоунс, Вокер, Фоден, Гундоган, Силва (Фернандињо 64`), Де Брујн (Габриел Жезус 60`), Стерлинг (Агуеро 77`), Марез.

Челси: Менди, Азпиликуета, Силва (Кристенсен 39`), Ридигер, Џејмс, Жоржињо, Канте, Чилвел, Хаверц, Маунт (Ковачиќ 80`0, Вернер (Пулишиќ 66`).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот