Гвардиола: Барселона со Агуеро ќе биде уште посилна!

Меси му посакува сè најдобро на Агуеро во новата фаза од животот/Фото: EPA-EFE/Juan Ignacio Roncoroni

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола откри дека Серхио Агуеро е близу до потпишување на договор со Барселона.

„Граѓаните“ ја освоија шампионската титула во Премиер лигата, сезонава ја завршија со стил и убедлива победа од 5:0 против Евертон, а аргентинскиот напаѓач на тој меч постигна два гола.

Гвардиола за „Би-Би-Си“ изјави дека Агуеро е пред трансфер во редовите на каталонскиот гигант.

– Можеби ќе ви откријам тајна. Можеби тој е близу до договор со клубот на моето срце. Тој ќе игра заедно со најдобриот фудбалер на сите времиња, Лионел Меси. Сигурен сум дека ќе ужива и дека со него Барса ќе биде уште посилна – рече Гвардиола.

Агуеро сезонава стана најдобар стрелец во историјата на Сити со 260 голови од 388 настапи во сите натпреварувања. Пред официјалната разделба, Агуеро го очекува уште еден меч, финалето во Лигата на шампионите против Челси на 29 мај во Порто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот