ВИДЕО | Добила труење од пица, па решила да си направи своја: Пробајте го рецептот на Марија Шерифовиќ – нема да зажалите!

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Позната српска пејачка Марија Шерофовиќ преку своите „ЈуТјуб“ видеа неколкупати покажа дека не е многу вешта во кујната како нејзината мајка, но едно е сигурно – пејачката не се откажува.

Марија реши повторно да се обиде во кујната на задоволство на своите фанови. Пејачката ги „засука ракавите“ и реши овој пат да направи домашна пица со многу сирење.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marija Serifovic (@serifovic)


Пејачката како што напомена на почетокот на видеото, неодамна добила труење додека јадела пица во некој ресторан за брза храна и по тој случај нејзината мајка ја посоветувала да си направи сама домашна пица.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marija Serifovic (@serifovic)


Во својата малечка кујна или како што Шерифови ја нарекува кујна „метар на метар“, ги засука ракавите и почна со подготовката на тестото. По совет од нејзината мајка Верица, за подготовка убаво тесто за пица Марија користеше остро брашно, за разлика од класичното меко брашко кое го користиме секојдневно за други рецепти како леб и кифлички.

Марија чекор по чекор ја покажуваше подготовката на тестото за пица, а откако подготви „совршено“ округло тесто започна да ги фулува. Домашно пие од домати, многу моцарела и италијанска шунка. Откако пејачката пицата ја преплави со сирење ја стави да се пече.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marija Serifovic (@serifovic)


Откако пицата беше подготвена, Марија се почести со првото парче, а коментарот на пејачката беше дека тестото следен пат ќе го направи потенко, но како за прв пат вкусот на пицата бил одличен.

Добар апетит Марија!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот