ВИДЕО: Детали за страшната трагедија во Берлин

германија убиство полиција
Фото: EPA-EFE/FILIP SINGER

Петте тела кои синоќа беа пронајдени во Берлин се на семејство со три деца. Меѓу жртвите се двата родители на возраст од околу 40 години и нивните три ќерки, на возраст од 10, 8 и 4 години, соопшти германската полиција.

Како што велат од полицијата, жртвите имале рани од огнено оружје, како и неколку убодни рани.

Соседите го пријавиле случајот во полиција откако забележиле дека семејството го немало неколку дена. Тие забележале дека семејството не го шета кучето, како и дека децата не си играле во својот двор, нешто што го правеле често.

Родителите биле наставници, а тие поради ковид случај биле во карантин.

Наводно, еден од соседите пред неколку дена чул пукање, но не бил сиугрен за што се работи.

СТРАВОТНО: Во Берлин најдени пет мртви тела меѓу кои на три деца

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот