СТРАВОТНО: Во Берлин најдени пет мртви тела меѓу кои на три деца

германија убиство полиција
Фото: EPA-EFE/FILIP SINGER

Во близина на Берлин, кај местото Кенигз Вустерхаузен, пронајдени се пет мртви тела, помеѓу кои и телата на три деца, пренесуваат германските медиуми.

Како што информира портпаролот на тамошната полиција, денеска претпладне, во куќа, биле пронајдени пет тела, откако полицијата извршила претрес по добиена дојава од соседите. Постојат сомнежи дека станува збор за убиство.

Во тек е голема истрага на полицијата, за да се дознаат повеќе детали за случајот.

-На телата видливи се прострелни и убодни рани, вели Гено Бантлеон, државен обвинител во разговор за германски Билд.

Двајцата возрасни се на возраст од 40 години, а децата се на возраст од четири, осум и десет години. Германските медиуми објавуваат дека сите петмина биле во карантин поради ковид-19.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот