ВИДЕО: Денвер славеше над Шарлот, Јокиќ со „дабл-дабл“ за 27 минути игра

фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Кошаркарите на Денвер го совладаа Шарлот со 111:93 и ја забележаа 24 победа оваа сезона во НБА лигата.

Најзаслужен за триумфот на Нагетси беше Џамал Мареј со 25 поени, следен од Мајкл Портер со 22.

Српскиот центар Никола Јокиќ имаше „дабл-дабл“ учинок од 13 поени и 11 скокови (шест асистенции) за 27 минути на паркетот.

За Шарлот доминираше Мајлс Бриџис со 26 поени, а по 15 реализираа Ник Ричардс и Брендон Милер.

Денвер е моментно на третото место во Западната конференција, додека Шарлот е на 13 позиција на Истокот.

НБА лига, резултати

Торонто – Кливленд 121:124
Хјустон – Детроит 136:113
Милвоки – Индијана 113:122
Денвер – Шарлот 111:93
Феникс – Портланд 109:88
Јута – Далас 127:90
ЛА Клиперс – Мајами 121:104

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот