Никола Јокиќ/Denver Nuggets

ВИДЕО: Денвер ја доби драмата со Атланта, Јокиќ повторно беше на чекор од трипл-дабл

Eкипата на Денвер дојде до драматична победа од 134-133 на гостувањето кај Атланта, во меч кој целосно го обележа Никола Јокиќ кој имаше уште еден фантастичен настап. Од друга страна, Лос Анџелес Лејкерс, ослабени без Лука Дончиќ и Леброн Џејмс, доживеаја убедлив пораз кај Бостон со 105-126.

Атланта влезе фуриозно во дуелот и ја отвори средбата со доминантни 41-23 во првата четвртина, а на полувреме стигна до 73-54. Но, продолжението му припадна на актуелниот шампион. Нагетс сепак ги добија двете последни четвртини со идентични 40-30 и направија целосен пресврт за минимална, но заслужена победа.

Јокиќ повторно беше најдобар кајДенвер и покрај 40 поени, запиша и девет скокови и осум асистенции. Одличен настап забележа и Мареј со 23 поени и 12 асистенции. Кај Атланта најрасположен беше Александер-Вокер со 30 поени, додека Џонсон блесна со трипл-дабл од 21 поен, 18 скокови и 16 асистенции.

Во Бостон, пак, домашниот тим рутински ги совлада Лејкерс со 126-105. Браун беше најефикасен со 30 поени, придружени со осум скокови и осум асистенции, додека најдобар кај калфорнијците беше Ривс со 36 поени. Дончиќ и Леброн не настапија поради повреди.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Бостон – ЛА Лејкерс 126-105
Орландо – Мајами 106-105
Атланта – Денвер 133-134
Кливленд – Сан Антонио 130-117
Детроит – Портланд 122-116
Њујорк – Јута 146-112
Торонто – Шарлот 86-111
Чикаго – Индијана 105-120
Хјустон – Феникс 117-98
Милвоки – Филаделфија 101-116
Мемфис – ЛА Клиперс 101-116
Оклахома – Далас 132-111

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот