ВИДЕО | Дениз Ричардс си направи „Онлифенс“ неколку дена по ќерка ѝ

Фото: Instagram

Дениз Ричардс се приклучи на „OnlyFans“ само една недела откако нејзината 18-годишна ќерка Сем „Семи“ Шин го имаше своето деби на страницата, пренесува „Page Six“.

Поранешната ѕвезда на „Real Housewives of Beverly Hills“ сподели видео на „Инстаграм“ во четвртокот на кое може да се види како боса шета по плажа носејќи бел фустан. Прерамките на фустанот ѝ беа паднати на рамениците, нагласувајќи го нејзиното деколте.

„Подготвени… еве одиме!“, напиша Ричардс (51) пред да го додаде хаштагот „#onlyfans“ и да ги насочи своите 1,4 милиони следбеници на врската за да се претплатат на нејзината содржина за 25 долари месечно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Denise Richards (@deniserichards)

Новиот деловен потфат на актерката доаѓа откако Семи, која ја дели со поранешниот сопруг Чарли Шин, се приклучи на страницата за возрасни, која често се користи за објавување голи или делумно голи фотографии и видеа по одредена цена.

И покрај нивните затегнати односи, Ричард гласно ја поддржа нејзината ќерка, велејќи ексклузивно за „Page Six“ во тоа време: „Семи има 18 години и оваа одлука не се базираше на тоа во чија куќа живее. Сè што можам како родител е да ја водам и верувам во нејзиното расудување, но таа сама прави избори“.

Чарли Шин ја обвини поранешната сопруга, нивната ќерка е на „Онлифенс“: Не го одобрувам тоа!

Сепак, веста не му се допадна на Чарли (56), бидејќи тој ја обвини својата поранешна сопруга за профилот на нивната најстара ќерка, кој чини 19,99 долари месечно.

Поранешната ѕвезда на „Two and a Half Men“ изјави за Page Six: „Таа сега има 18 години и живее со нејзината мајка. Ова не се случи под мојот покрив. Јас не го одобрувам ова, но бидејќи не можам да го спречам, ја повикав да остане елегантна, креативна и да не го жртвува нејзиниот интегритет“.

Чарли Шин ја обвини поранешната сопруга, нивната ќерка е на „Онлифенс“: Не го одобрувам тоа!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот