ВИДЕО | Денеска маестро Џамбазов ќе наполнеше 86 години: Игор со емотивно видео за неговиот роденден -„Довидување, но за малку, само за час“…!

Александар Џамбазов, Игор Џамбазов, Тања Џамбазова/Facebook
Александар Џамбазов, Игор Џамбазов, Тања Џамбазова/Facebook

Легендарниот диригент и композитор, маестро Александар Џамбазов почина на 25 јануари, на 85-годишна возраст.

Актерот и шоумен Игор Џамбазов со денови се простува од непрежалениот татко.

Игор, утрово, во чест на неговиот роденден објави емотивно видео. Игор преку песна, преку еден од најубавите рефрени од својот татко, уште еднаш се прости од него.

„Денес, маестро Џамбазов ќе наполнеше 86 години. Ова е еден од неговите најубави рефрени… Довидување, маестро мој…“, напиша Игор.

Инаку, веста за смртта на маестро Џамбазов ја објави Игор, кој на својот инстаграм профил сподели фотографија од татко си со зборовите:

„Си замина нашиот МАЕСТРО, тивко и нечујно, како што живееше во последните 25 години…од денес, конечно со својата Анче…вечен нека ни е споменот на тебе, маестро мој“, напиша Игор.

ФОТО | Љубовната приказна на Александар и Анче Џамбазови: Раскошни љубов и талент кои се паметат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот