ВИДЕО | Деми Ловато – предозирана, силувана и оставена сама во бесознание да умре: И на јаве и во спот!

Instagram / Youtube
Instagram / Youtube

Деми Ловато уште еднаш раскажа емотивна приказна за тоа што се случило ноќта на нејзиното предозирање – овој пат преку видеото „Dancing with the Devil“, кое денес беше промовирано на нејзиниот официјален „ЈуТјуб“ канал.

28 – годишната пејачка го најави и нејзиниот нов албум со промоцијата на овој спот.

Видеото започнува со известување за гледачите кое вели: „Ова видео покажува зависност, употреба на дрога, траума и сексуална злоупотреба, содржина што за некои ќе биде вознемирувачка“.

Во следната сцена, Деми е во болницата каде и се прави трансфузија на крв. Приказната потоа нè води во моментите, пред таа да се предозира, а потоа и до нејзината спална соба кога нејзиниот дилер на дрога сексуално ја злоставил, а потоа ја оставил во таа состојба сама, во бесознание да умре.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demi Lovato (@ddlovato)


По таа сцена која е дел и од нејзиниот вистински живот, ја гледаме нејзината асистентка како влегува во собата, а потоа доаѓаат медицинските лица кои на Ловато и подаруваат уште еден живот.

Остатокот од видеото го следи нејзиниот пат кон закрепнување во болницата и завршува со откривање на нејзината тетоважа „Survivor“ на вратот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demi Lovato (@ddlovato)


Извори на ТМЗ откриле дека за време на снимањето на спотот Деми ги изненадиле од екипата сите кога таа „започнала да ја пее песната, а потоа од премногу емоции започнала силно да плаче“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот