ВИДЕО: Де Хеа трагичар во пенал серијата, Виљареал ја освои Лига Европа!

Фото: EPA-EFE/Maja Hitij/POOL/EPA-EFE/Michael Sohn/POOL/EPA-EFE/Adam Warzawa/POOL

Во големото финале на Лига Европа на стадионот Миејски во Гдањск составот на Виљареал триумфираше против Манчестер јунајтед после изведувањето на пеналите.

Виљареал водеше од 29 минута со погодокот на Морено, „црвените ѓаволи“ успеаја да израмнат во 55 минута преку Кавани.

Мируваа мрежите во продолженијата, а победникот го дознавме после една долга пенал серија на теренот во Полска.

При резултат 11:10, голманот на Јунајтед Давид Де Хеа имаше за задача да ја продолжи пенал-драмата, но не го пронајде патот до мрежата за голема радост на шпанската екипа, односно неговиот удат го одбрани Рули.

За Виљареал ова е најголемиот успех во неговата историја и со оваа победа си обезбеди место следната сезона во Лигата на шампионите. Јунајтед тоа претходно веќе го направи со втората позиција освоена во Премиер лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот