ВИДЕО: Дали знаете дека скопската „Арапска куќа“ е изградена за љубов?
Скопската „Арапска куќа“ ја изградил Ерменецот Агоп Дикиџијан како подарок за својата невеста Агавни. Вилата е изградена во 1936–1938 година и се издвојува со својот уникатен псевдомаварски стил, кој ја прави единствена во Скопје.
Препорачано
Внатрешноста е богато декорирана со разнобојни мермери, резби и скулптури, додека фасадата плени со шарени мотиви, необични прозорци и балкони, како вистинско уметничко платно.
Љубовната приказна завршува тажно – по смртта на Агоп, куќата се конфискува затоа што немале потомци, а Агавни заминува за Марсеј и никогаш не се враќа.

Низ годините, куќата менувала сопственици, меѓу кои Рустем Бег со сопругата Рустикана Натали и Димитар Влахов. Во 1964 година станува хотел „Јадран“.
Денес, „Арапска куќа“ е прогласена за споменик на културата и привлекува туристи и љубители на архитектурата. „Македонијатурист“ најави целосна реконструкција, што значи дека оваа необична градба наскоро повторно ќе оживее.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5час
-
6час
-
7час
-
8час
-
9час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


