ВИДЕО: Дали знаете дека Езерото Треска е создадено со самопридонес на скопјани?

Во близина на селото Сарај, на само неколку километри од Скопје, во 1978 година се „роди“ езерото Треска. Создадено со самопридонес – со пари и труд од самите граѓани на Скопје.

Проектот почнал со позиционирање на езерото на местото наречено „Кривина“, дотогаш најпопуларното излетиште за скопјани. Езерото, всушност, било дел од визијата за развој на градот уште од урбанистичките планови од 1948 и од 1965 година.

Како и секоја убава приказна, и езерото се „удави“ во негрижата на институциите. Во 1998 година, поради опасноста по здравјето на капачите од загаденото езеро, капењето беше забрането.

Подоцна, езерото во контроверзна постапка ѝ беше отстапено на Општина Сарај, која најавуваше големи проекти, но низ годините остави тоа целосно да се запушти и да се претвори во депонија.

ФОТО+ВИДЕО | Езеро „Треска“ извор на зараза, наместо место за рекреација

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот