epa-efe
Дакота Џонсон - Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

ФОТО+ВИДЕО | Дакота Џонсон позираше во провокативно издание за „Келвин Клајн“, ги покри градите само со косата

Американската актерка Дакота Џонсон е заштитно лице на новата кампања за фармерки и долна облека на „Келвин Клајн“. Фотографиите ги направи Гордон фон Штајнер во куќа во Топанга, каде што актерката позира провокативно во опуштена атмосфера и речиси без облека.

Имено, во интервју за „Харперс базар“, Џонсон откри дека снимањето се одвивало во многу лежерно расположение.

– Беше навистина опуштено. Се слушаше одлична музика, постојано се шегувавме, а јас претежно шетав гола, додека многу луѓе избегнуваа контакт со очи со мене – се присетила актерката.

Фото: Instagram / gvsgvs

На фотографиите, таа носи два различни модели на фармерки, што, вели таа, го одразува нејзиниот личен стил на облекување.

– Ги обожавам широките фармерки бидејќи навистина го носат целиот аутфит. Овие се совршено широки и опуштени, и одлично одат со поубав горен дел – објаснила таа.

Џонсон, исто така, открила дека се чувствува најудобно во долна облека дома и дека најчесто носи танга.

– Долната облека на Келвин Клајн што особено ми се допаѓа во моментов се боксерки, бидејќи спијам во нив, а наутро можам да шетам низ куќата и да правам работи. Кога ќе се вратам дома, обично ги соблекувам панталоните, особено ако е жежок ден, па затоа сум најчесто во долна облека дома. Тоа е едноставно тоа што сум – рекла таа.

Фото: Instagram / gvsgvs

Сепак, таа додава дека понекогаш сака да се чувствува како да не носи ништо.

– Најчесто носам танга, јас сум тој човек. И Келвин ги прави. Ве прават да се чувствувате како да не носите ништо, и мислам дека тоа е навистина одлично  – открила Џонсон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Calvin Klein (@calvinklein)

ФОТО | Дакота Џонсон повторно снимена во друштво на пејачот Рол Модел, откако ја раскина свршувачката со Крис Мартин

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот