Драган Спасов - Дац - Фото: Инстаграм

ВИДЕО | Дац ја препеа „химната“ на деведесеттите: „Бушава азбука“ 40 години подоцна сè уште буди носталгија

Македонската детска телевизиска серија „Бушава азбука“, наменета за изучување на македонската книжевност, култура и традиција преку музика, илустрации и глумечка игра и денес се смета за еден од најуспешните проекти на Македонската радио-телевизија. Многу генерации од 80-тите и 90-тите пораснаа со популарната азбука, а многу деца, благодарение на овој проект, успешно ја совладаа секоја 31 буква.

Серијата е снимена во 1985 година, во режија на Слободан Унковски, со сценарио на Горан Стефановски. Постои и истоимена книга изработена од Стефановски и српскиот илустратор Душан Петричиќ. „Бушава азбука“ брои 31 епизода, по една за секоја буква од македонската азбука, а секоја трае по половина час.

Четири децении подоцна, актерот и пејач Драган Спасов – Дац, кој имал само 19 години кога ја снимил првата епизода, повторно ја отпеа легендарната „Бушава азбука“ – мелодијата која и денес предизвикува носталгија кај многу генерации.

 

„Еј, само што завршив прва година на факултет кога ја снимивме ‘Бушава азбука, времиња убави’“, напиша Дац на видеото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот