ВИДЕО | Дабл-дабл на Јокиќ, Денвер ја продолжи кризата на Клиперс, Лејкерс редат победи

Фото: Denver Nuggets

Иако беа најавувани како нов „дрим-тим“, тимот на Лос Анџелес Клиперси реди порази во НБА лигата. Имаат некои од најдобрите играчи во лигата, но не им оди.

Изминатата вечер беа поразени од актуелниот шамион Денвер со 111:108. Никола Јокиќ повторно блескаше и беше најдобар на паркетот со 32 поени, 16 скока и девет асистенции за нешто помалку од 36 минути. Јокиќ ги погоди и клучните слободни фрлања во финишот од мечот.

Во редовите на Клиперс се истакна Пол Џорџ со 35 поени и седум асистенции. За Клиперс ова беше шести пораз сезонава и петти откако во тимот пристигна Џејмс Харден.

Лејкерс за разлика од својот градски ривал играат одлично и сега славеа над Мемфис со 134:107. Грлизис се втор најслаб тим во лигата по Детроит, додека Лејкерс се на седмото место на табелата со позитивен биланс.

Во победничкиот тим најефикасен беше Дианџело Расел со 24 поени, еден помалку постигна Хачимура, додека Дејвис запиша дабл-дабл од 19 поени и 11 скока.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Шарлот – Мајами 105-111

Детроит – Атланта 120-126

Филаделфија – Индијана 126-132

Бруклин – Орландо 124-104

Оклахома – Сан Антонио 123-87

Њу Орлеанс – Далас 131-110

Јута – Портланд 115-99

Денвер – ЛА Клиперс 111-108

Голден Стјет – ЛА Клиперс 101-104

ЛА Лејкерс – Мемфис 134-107

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот