Д-р Штерјова Марковска
Д-р Штерјова Марковска

ВИДЕО | Д-р Штерјова Марковска: „Дa” за органодарителство е чин на најголемо човекољубие

Во рамки на националната кампања, што се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!”, доктор Жаклина Штерјова – Марковска, интернист на Универзитетската клиника за нефрологија, апелира за важноста на донирањето органи и подигнувањето на свесноста за овој хуман и солидарен чин.

-Јас сум дел од тимот за трансплантација при Универзитетската клиника за нефрологија. Ние како тим сакаме да им се заблагодариме на сите семејства кои во најтешките моменти одлучија да ги донираат органите на своите најблиски и истовремено да упатиме апел и силна поддршка до семејствата кои, во моментите на најголема загуба, ќе одлучат да кажат да за органодарителството како чин на најголемо човекољубие, истакна д-р Штерјова-Марковска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот