ВИДЕО | Д-р Митов: Во Министерството за здравство е потребен оддел посветен на здравствената технологија како клучен сегмент за функционален здравствен систем

За жал кај нас се уште не е развиена таа свест колку е пресудно, важноста и значењето на медицинската технологија. Ги следев анализите на други земји во однос на тоа колку се подготвени да одговорат на пандемијата и секогаш се гледа како се опремени. Одговорот на оваа криза во многу се сведе во вистинската подготвеност од аспект на здравствената технологија. Континуирано слаби сме во уредно планирање на потребите, воспоставување на стратегија од минимум 10 години и на тој начин да се гради стратегијата за инвестиции во здравствениот сектор, изјави во Утрински брифинг д-р Александар Митов и додава дека во самото министерство ни фали тој оддел посветен на здравствена технологија, каде треба да има инженери, вработени во министерството за здравство кои овие теми би ги обработувале секојдневно.

-Димензиите што треба да бидат разгледани се инзвонредно битни. Да влеземе во делот дали треба да се потпираме само на тој закон за цена. Јас не мислам и никој како граѓани не сака да се лекува на најевтиниот апарат кога е во прашање здравството. Втора работа е одржувањето и сервисирањето.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот