ВИДЕО | Д-р Митов: мРНА вакцината за некоја година веројатно ќе ја видиме како лек за малигните болести

Треба на сите да ни биде јасно – револтот и гневот не треба да го насочуваме кон самите вакцини, така си правиме штета на самите себе. Интересно е ова што се случи со вакцините. Тие беа запоставена тема од самата фармако-индустрија. Нема интерес. Ако земете да го разгледате развојот на нови лекови, ќе видите дека немаше вакцини кои беа во доменот на истражувањето и развивањето.

Постојат и лекови „сирачиња“ за одредени болести за кои за жал нема доволен борј на пациенти и на фармацевските компании не им е интересно да развиваат такви лекови.

Сакам да кажам дека профитот целосно ја обликува фармацевстката индустрија и за да настане промена на нештата, потребна е промена на моделот во многу моќни земји. И моја порака е луѓето заради гнев од овој процес да не си прават штета на самите себе си, изјави во Утрински брифинг Д-р Александар Митов.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот