д-р Виктор Исјановски, директор на Здравствен дом Скопје
д-р Виктор Исјановски, директор на Здравствен дом Скопје / Утрински брифинг

ВИДЕО | Д-р Исјановски: Луѓето подзаборавија, но ковид-19 сѐ уште е тука

Од почетокот на кризата во Украина сите погледи се префрлија натаму, а ковид-кризата како да се заборави, Но, ковид-19 сѐ уште е тука. За новостите околу пандемијата во Утрински брифинг поразговаравме со д-р Виктор Исјановски, директор на Здравствен дом Скопје и член на Комисијата за заразни болести.

-Сега се наоѓаме во жолта фаза, имаме нови заболувања но таа бројка е константна. Можеби се намали бројот на починати лица. Намален е интересот за имунизација и тоа драстично. На територија на град Скопје за имунизација против ковид-19 функционираат четири пункта, вели д-р Виктор Исјановски.

Тој додава дека третата доза е потребна и препорачлива, а така граѓаните полесно ќе можат да патуваат.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот