ВИДЕО | Д-р Даниловски: Дел од здравствениот систем кај нас личи на башибозук

Д-р Драган Даниловски / Фото: Скриншот

Ние сме во врвот во светот по смртност од ковид, треба да се прават анализи кои се факторите за големата смртност кај нас, преголема голема смртност на оние што се хоспитализирани, кај нас околу 40%, во Америка е под 10%. Зошто толку стапката на смртност е голема во однос на инфицираните, изјави денес епидемиологот проф. д-р Драган Даниловски во емисијата „Студио 10“ на ТВ 24.

–  Карактеристика на добар здравствен менаџмент е отчетност и одговорност. Не може директор на болница да не му полага сметки на првиот човек во здравствениот сектор. Кај нас ова личи на башибозук, никој никому не одговара и знае дека нема да одговара и прави што сака. Факт е дека општата состојба на нашево население е под секоја критика, вели тој.

Видео на денот