ВИДЕО | Д-р Беќаровски: Колегите од Комисијата кога би размислувале исклучиво како доктори, овие мерки ќе ги донесеа тогаш кога ги сугериравме

Д-р Нико Беќаровски / Фото: Јутјуб/принтскрин

Се согласувам дека доцниме со мерките. Прашање беше дали требаше и потполно да се либерализираат работиве. Јас уште на 2 јули апелирав да се воведе барем при влез во државата, посебно за иселениците кои се враќаат, еден ПЦР тест или доказ за вакцинација. Како што видовме во изминатиот период, токму тие беа основните места од каде што оваа епидемија потоа се пренесе, изјави д-р Нико Беќеровски во интервју за ТВ 24.

– Во еден момент имавме по четири, пет случаи на дневна основа. И, што беше уште поважно, кај нас не беше влезен делта-сојот, а сега тој е тука кај нас. Мерките би биле резонски ако треба допрво да не дојдат нови соеви плус, но сојот е веќе тука. Во светот не циркулира некој нов сој којшто би ни предизвикал опасност во догледно време. Тој што е доминантен сој веќе се шири низ Македонија.

Бројките не се само во Тетово. Јас доаѓам од дежурство, вчера бев дежурен. Од пациентиве кои пројдоа, 70 проценти беа позитивни. Дел од нив, кога ќе им се спомне тест – бегаат. Едноставно, знаат дека се позитивни и бегаат, бараат да бидат прегледани на друго место. Во аптеките веќе нема брзи тестови, се тестираат дома и тие резултати никаде не се евидентираат. Ако денес имаме 1000, реалниот број е четири до пет пати поголем од тоа, вели д-р Беќаровски.

На прашањето зошто толку се доцни со мерките, д-р Беќаровски вели дека сите негови колеги, коишто се во Комисијата којашто ги носи овие мерки, „кога би размислувале исклучиво како доктори, овие мерки би ги донеле тогаш кога ги сугериравме.“

– Реално, за нас коишто ги коментираме мерките е малку полесно затоа што ние разговараме и говориме чисто професионално што би било најдобро. Но, од друга страна, ние сме свесни и за отпорот што се правеше и кон тие лабави мерки коишто постоеа. Мора да признаеме дека свеста на населението сѐ уште е на ниско ниво. Ние сѐ уште имаме огромен број луѓе коишто не веруваат во целава приказна. За жал, сѐ уште во време на интернет од којшто добиваме информации, уште повеќе кружат дезинформации. Во моментов антиваксерското лоби е целосно насочено кон тоа дека вакцините се штетни, вели д-р Беќаровски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот