ВИДЕО | Д-р Балевски: До крај на неделава ќе се отвори модуларната болница во Охрид

Фото: Министерство за здравство

Модуларната болница е спремна, а со оглед дека се зголемува бројот на заболени, планираме оваа недела да ја отвориме. Добиваме еден објект каде што одма ќе го преселиме инфективното одделение, останува геријатрија да биде за суспектни. Моментално Општа болница Охрид е павиљонски тип, каде што се сместуваат пациентите кои што се поврзани со оваа пандемија. Во еден период во оваа болници примивме околу 111 луѓе и голем период не сме спуштени, минималниот број е 45. Скоро една година оваа болница има максимални оптоварувања, така што со поставувањето на модуларната болница очекуваме да се посветиме и на лекување на други болести, изјави за Утрински брифинг Д-р Горан Балевски, директор на општата болница во Охрид.

-Немаме ние лекар во Општа болница Охрид што е вакциниран, а после тоа да биде позитивен на вирусот. Голем дел од медицинскиот персонал кој што работеше во ковид центрите го прележа вирусот. Има моментално позитивен персонал, но со ротација на другите оддели се справуваме со ситуацијата. До сега не сме имале никаква пријавена реакција од тие што се вакцинирале, па дури ни онаа минимална болка. Добро е што ни е се вратија специјализантите и со овие ротации може да го покриеме овој дел, вели Балевски.

Како општа болница немаме увид, но информациите кои ги добиваме се дека 70% се од британскиот тип на вирус, но добро е што терапијата, протоколите се исти и добро е што вакцината го покрива овој тип на вирус, изјави Балевски.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот