ВИДЕО| „Црковните песнопоенија и фолклорот се природно поврзани“: Сузана Спасовска со нов проект за својата публика

Фото: Принтскрин - Фејбук

Нашата познатата фолк-пејачка Сузана Спасовска или како што публиката милува да ја нарече – „Сузе Национале“ одвреме навреме ги радува своите бројни обожаватели со по некоја фотографија на социјалните мрежи, а денес пејачката имаше посебно изненадување за својата верна публика.

Пејачката денес, преку својот официјален фејсбук-профил се обрати до својата публика:

„Со многу љубов и трпение работам неколку месеци на црковниот проект „Терирем“ (аудиоматеријалот ќе биде наскоро, но и промотивни концерти, ако Бог даде)! Јас, Сузана Спасовска сум солист, а Георгиј Секуловски е поддршка, консултација и вокал, како и вокален клирос „Пелагонитиса“. Ова е обид, одбраните верзии на православните литургиски химни да ги доближиме до народот и до помладата популација“. Црковните песнопоенија и фолклорот се природно поврзани, а Бог ни дал слобода секој да ги почувствува на свој начин во своето срце.Само со добра мисла и со Божја помош до целта“, порача Сузана во својата објава

Пејачката мината година во декември одбележа 35 години активна кариера и години поминати на музичката сцена.  Очигледно музиката ја одржувала нејзината младост низ годините, а сега тоа го прави нејзината внука Клара.

ФОТО | Министерката Славјанка Петровска ѝ испрати цвеќе на Сузана Спасовска

ФОТО | „Само твојот звук на хармониката ме правеше возвишена“: Естрадата се простува од Милан Завков

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот