ФОТО | Министерката Славјанка Петровска ѝ испрати цвеќе на Сузана Спасовска

Фото: Скриншот/Јутјуб/Фејсбук

Ансамблот за народни игри и песни „Танец“ одржа вокално-инструментален концерт во чест на 100-годишнината од раѓањето на Александар Сариевски, неповторливиот глас на македонската народна песна на 15 септември во Националната опера и балет.

На сцената настапија македонската изведувачка елита, меѓу која и нашата музичка дива Сузана Спасовска, заедно со хорот и оркестарот на „Танец“.

Меѓу присутните била и министерката за одбрана Славјанка Петровска, која на својот фејсбук-профил објави дел од атмосферата од концертот: „Вокално-инструментален концерт во чест на 100-годишнината од раѓањето на славејот од Галичник – Александар Сариевски. Неповторливиот глас на македонската народна песна и еден од основачите на Ансамблот „Танец“, со својот уметнички профил и опус остави траен белег во македонското културно наследство“, напиша министерката.


Министерката воодушевена од концертот на „Танец“, а особено од перформансот на Сузана Спасовска, ѝ испратила букет со посвета.

„Ви честитам на преубавата изведба и се воодушевувам на Вашиот бисерен глас“, се наведува, меѓу другото, во посветата.

Сузана Спасовска воодушевена од гестот, објави фотографии од букетот со посветата и ѝ се заблагодари на Петровска.

„Утрово, дојдов на работа, и се воодушевив од еден несекојдневен гест во ова денешно време. Цвеќе со посвета, рачно напишана од функционер (лично не се познаваме), кој присуствувал на концертот во чест на нашата легенда Александар Сариевски, не само да ја исполни обврската, туку и внимателно да го проследи и ужива во македонските песни. Ви благодарам, г-ѓа Петровска. И во овие тешки времиња на меѓусебни поделби и раздори најважно е да си човек“, напиша Сузана Спасовска покрај објавата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот