ВИДЕО: Челси со лекција за Јуве – цела група „Г“ во игра за осминафинале

Лондонските „сини“ славеа со четири голови во мрежата на „Старата дама“/Лондон, Велика Британија/23 ноември 2021/Фото: EPA-EFE/Facundo Arrizabalaga

Се одиграа натпреварите од петтото претпоследно коло во групите „Е“, „Ф“, „Г“ и „Х“ во Лигата на шампионите, и натаму се води борбата за пласман во нокаут-фазата. Вечерва најубедлив беше Челси кој на домашен терен со 4:0 ја надигра екипата на Јувентус.

Во рамките од групата „Х“ веќе беа познати патниците во осминафиналето на ЛШ, во дербито лондонските „сини“ предводени од Томас Тухел целосно ја надиграа „Старата дама“. Стрелци на головите за четвртиот триумф на Челси оваа сезона беа Чалобах, Џејмс, Хадсон-Одои и Вернер. Во вториот меч ремизираа Малме – Зенит (1:1), бод на кој повеќе се радуваат Русите кои со третата позиција ќе го продолжат настапот во Лига Европа.

Во групата „Е“ Барселона дома со новиот тренер Чави играше без голови со Бенфика. И двете екипи остануваат во игра за второто место кое води во нокаут-фазата. Во последното шесто коло Барса ќе гостува кај Баерн Минхен, додека Бенфика ќе го пречека Динамо Киев. Претходно Баерн ја запиша и петтата победа откако славеше во Украина над Динамо (1:2).

Во групата „Ф“ Манчестер јунајтед го обезбеди местото во осминафиналето со победата над Виљареал. А овој пораз на Шпанците не го искористи Аталанта која извлече само бод на гостувањето кај Јанг Бојс. Швајцарците останаа во игра само за ЛЕ, додека во директна пресметка за второто место и нокаут-фазата во ЛШ на 8 декември во Бергамо ќе играат Аталанта и Виљареал.

Најнеизвесно е во групата „Г“ каде што сите четири екипи имаат шанси за влез во елиминациските борби. Севиља со головите на Морено и Мир беше подобра од Волфсбург, а Лил пред своите навивачите со погодокот на Давид го совлада Салцбург. Лил единствено има сигурно учество во ЛЕ, но сигурно ќе бара повеќе од тоа, во последното коло гостува во Германија кај Волфсбург, а Салцбург ќе се соочи со Севиља.

Лига на шампиони, 5. коло, резултати –

Група „Е“
Динамо Киев – Баерн 1:2
Барселона – Бенфика 0:0

Табела: Баерн Минхен 15 бодови, Барселона 7, Бенфика 5, Динамо Киев 1.

Група „Ф“

Виљареал – Манчестер јунајтед 0:2
Јанг Бојс – Аталанта 3:3

Табела: Манчестер јунајтед 10 бодови, Виљареал 7 бодови, Аталанта 6, Јанг Бојс 4.

Група „Г“

Севиља – Волфсбург 2:0
Лил – Салцбург 1:0

Табела: Лил 8 бодови, Салцбург 7 бодови, Севиља 6, Волфсбург 5

Група „Х“

Челси – Јувентус 4:0
Малме – Зенит 1:1

Табела: Челси 12 бодови, Јувентус 12, Зенит 4, Малме 1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот