ВИДЕО: Роналдо и Санчо обезбедија нокаут-фаза за Манчестер јунајтед во ЛШ

„Црвените ѓаволи“ во Шпанија се промовираа како осминафиналисти во ЛШ/Виљареал, Шпанија/23 ноември 2021/Фото: EPA-EFE/Biel Alino

Со голот на Кристијано Роналдо и Џејдон Санчо во финишот од натпреварот, Манчестер јунајтед како гостин ја совлада екипата на Виљареал со 2:0 и го обезбеди пласманот во нокаут-фазата во Лигата на шампионите.

На дуелот во Шпанија на клупата на „црвените ѓаволи“ дебитираше Мајкл Керик кој е привремено решение после заминувањето на Оле Гунар Солскјер.

Под голем притисок беа играчите на Јунајтед после серијата лоши резултати во Премиер лигата, но предводени од Керик остварија триумф во Виљареал и се пласираа во осминафиналето на ЛШ.

Делуваше дека Англичаните на ова гостување дојдоа по бод, но ја консолидираа одбраната која во првите четири меча прими дури седум голови.

Во 78 минута беше реализиран првиот гол, Роналдо умешно ја искористи грешката на домашниот голман за негов шести погодок во натпреварувањето. Конечниот епилог го постави Санчо, кој од доаѓањето на „Олд Трафорд“ важеше за најголемо засилување на клубот, но тоа досега не го покажа во досегашниот дел од сезоната иако сега конечно се прослави со гол.

Во групата „Ф“ Јунајтед има 10 бодови, пред Виљареал со седум, а вечерва од 21.00 часот играат Јанг Бојс и Аталанта.

Баерн Минхен стигна и до петтата победа во групата „Е“ откако славеше во Украина над Динамо Киев (1:2). Баварците стигнаа до водство преку Роберт Левандовски кој со „ножички“ испиша историја во ЛШ. Позитивата ја зголеми Коман пред крајот на првото полувреме, а домаќините само го ублажија поразот преку Гармаш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот