ВИДЕО: Гол со „ножички“ на Левандовски, Полјакот испиша историја во ЛШ

Роберт Левандовски („Баерн Минхен“), еден од најдобрите фудбалски напаѓачи во светот/Фото: EPA-EFE/OLEG PETRASYUK

Роберт Левандовски во 14 минута од средбата во петтото коло од Лигата на шампионите стрелаше за водство на Баерн на гостувањето против Динамо Киев.

Полскиот напаѓач на прекрасен начин со „ножички“ донесе водство за баварскиот гигант и воедно испиша историја во најквалитетното европско клупско натпреварувања.

Левандовски е сега во низа од девет натпревари со гол во ЛШ, низа која последен пат е видена минатата сезона кога го направи истото.

Само тројца фудбалери во светот го направија тоа, Руд ван Нистелрој, Кристијано Роналдо и Левандовски, овој последниот двапати.

Баерн Минхен веќе го обезбеди пласманот во нокаут-фазата, досега во групата „Е“ составот на Нагелсман реди само победи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот