ВИДЕО | Чадиковски: Нов колорит на македонската политичка сцена – свилиото е минато

Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ / Утрински брифинг

Омбудсманот Насер Зибери во денешното издание на  „Утрински брифинг“ рече дека кампањата поминала во фер атмосфера, а министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека била и мирна, дека немало инциденти. Како, според ЗНМ, поминаа овие избори во однос на тоа како медиумите ги претставија кандидатите, го прашавме претседателот на Здружението на новинарите, Младен Чадиковски.

– Ова се едни од поинтересните предизборни настапи што сме ги имале досега, а за тоа мислам дека придонесе овој корпус на помали партии и независни кандидати кои дадоа зачин на овие избори. Некои покажаа дека можеме да ги сфаќаме изборите сериозно, но и не толку сериозно кога станува збор за некои кандидати што внесува боја во сивилото. Од тој аспект имаме поинаква слика и е добро за целиот демократски амбиент и веројатно тоа ќе се рефлектира и на резултатите од изборите, вели Чадиковски за „Утрински брифинг“.

За тоа како медиумите ја покрија предизборната кампања со оглед на рекордно големиот број на кандидати Чадиковски вели дека според она што се виде досега, во делот на традиционалните медиуми имаме посериозна поставеност на медиумите кон тоа како да се претстават кандидатите. Тој вели дека телевизиите се трудеа да дадат еднаков простор на сите.

– Имаше инцидентни ситуации кога во услови кога во некоја општина има повеќе кандидати се канат само двајца. Тоа не е добро, оти кој е реперот да се одлучи кој треба да се појави на телевизија? Сепак, немаше поголеми медиумски инциденти. Имаше напуштање на студиото, што може и да се смета за дел од кампањата. Од медиумски аспект кампањата помина коректно, вели Чадиковски за „Утрински брифинг“.

Тој оценува дека доминираше стерилниот елемент во кампањата со истите плакати и истите ветувања.

– Граѓаните чекаат нешто друго, нешто ново. Ние знаеме дека од редот на некогашни градоначалници се бираат идни премиери. Ако некој бил добар татко на градот може да биде добар татко на нацијата, но треба некој да пружи некоја поинаква филозофија, вели Чадиковски.

Целиот разговор слушнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот