ВИДЕО | Зибери: Омбудсманот е институција која се грижи за темелните уставни вредности

Насер Зибери, Народен правобранител / Утрински брифинг

Последен ден од предизборната кампања за првиот круг од локалните избори закажани за 17 октомври, недела.

Кандидатите за градоначалници 19 дена беа на терен и на средби со граѓаните ги претставуваа своите програми со цел да ја придобијат нивната доверба. Но, и на овие избори не изостанаа меѓусебните обвинувања за нерегуларности, обвинувања за поткуп на гласачи, агитирања, вршење притисоци врз гласачи, правење списоци.

Граѓаните имаат загарантирано право на глас и самите треба да донесат одлука дали и кому ќе ја дадат довербата за иден мандат, но доколку се соочиле со какви било притисоци или сметаат дека им е повредено некое право тоа треба да го пријават кај народниот правобранител, велат од канцеларијата на омбудсманот.

Гостин во Утрински брифинг на оваа тема беше народниот правобранител Насер Зибери.

-Избирачкото право е едно од темелните вредности на Уставното уредување на државата, а Народниот правобранител е институција која се грижи за заштита на ова право за секое демократско општество, изјави Зибери.

Отворена е и бесплатна телефонска линија 0800 5432 на која граѓаните можат да пријават кај Народниот правобранител ако сметаат дека им е прекршено правото на гласање или други нерегуларности.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Видео на денот