ВИДЕО | Бурнс: Не оди повеќе само со апели за вакцинација, ќе мора да се воведат рестриктивни мерки

Мирослава Бурнс
Мирослава Бурнс, „Слободен печат“ / Утрински брифинг

Пандемијата диктираше насловни страници во последниве две години. Од минатата недела започна четвртиот бран од пандемијата со ковид-19, а зафатена е цела Европа. Во некои европски земји се воведуваат посебни мерки. Кај нас се чини дека ваквиот интензивен бран помина летото, но не значи дека нема да се повтори.

-Министерот за здравство рече дека новиот бран е започнат за што говори и бројот на хоспитализации. Имаме ниска вакцинација од само 40 отсто што се должи на ширење теории на заговор, а од друга страна не се применуваат и контролираат донесените мерки како што е поседување вакцинален сертификат за влез во затворени простори. Само три казни од седумстотини контроли изрекол инспекторатот, вели новинарката на „Слободен печат“ Мирослава Бурнс.

ИЈЗ сега работи на секвенционирање на новата варијанта делта плус и досега не е пронајден таков случај.

-Италија појде најдалеку – 23 милиони Италијанци мораат да имаат вакцинален сертификат за да можат да одат на работа сеедно дали во приватниот или јавниот сектор, што предизвика протести, но италијанската влада нема намера да отстапи од зголемување на вакциналниот опфат, вели Бурнс.

Клучна е вакцината, а засега кај нас се останува само на апелирање за вакцинација. Но, во Хрватска од утре сите вработени во јавни установи ќе се тестираат двапати неделно или ќе треба да поседуваат вакцинален статус. Други мерки во регионот се забрана за новогодишни прослави, ограничување на работата на угостителски објекти, забрана за купување алкохол навечер, невакцинираните вработени да се тестираат еднаш неделно на трошок на работодавачот, објаснува Мирослава Бурнс.

-Не може повеќе со молење. Ќе мора да се воведе тестирање  на секои 48 часа со тест кој чини 15 евра, вели Бурнс.

Вакцинацијата не штити целосно од зараза, но помага да се спречат смртни последици при зараза. Во Данска на пример каде што има опфат на вакцинација од 80 отсто нема никакви рестриктивни мерки.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот