ВИДЕО | Бугарски свештеник му фрли клетва на Зеленски

ФОТО: Свештеник му фрла анатема на Зеленски, Извор: Youtube

Бугарски поп пред вчерашната посета на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Софија со крст се појавил пред автомобилите од колоната и покрај масовното полициско присуство и успеал на украинскиот државник да му изрече клетва, пренесуваат бугарските медиуми.

„Анатема, Зеленски, фашистичка Украина, западни сатанисти“ – вели свештеникот во видео објавено на социјалните мрежи.

Свештеното лице мавтало со големиот крст пред автомобилите на претседателот на Украина, но не успеал да се доближи до Зеленски, при што колоната поминала покрај него со огромна брзина.

Полицајците веднаш го привеле и го тргнале од патот, како што може да се види на снимката.

Како што пишуваат бугарските медиуми, попот претходно го има нападнато и поранешниот бугарски премиер Кирил Петков со претставниците на неговата „Продолжуваме со промената“ на 6 јуни годинава.
Анатема се изречени зборови од страна на црковно лице кои всушност означуваат проколнување или некој вид на клетва.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот