ВИДЕО: Бруклин без милост кон Јанис и Милвоки
Бруклин нетс го декласира Милвоки бакс со 125:86 и поведе со 2:0 во победи во полуиналето од Источната конференција. Сите дилеми околу победникот беа решени уште по првите 12 минути кои кошаркарите на Бруклин ги добија со 36:16. Нетс без никакви проблеми ја одржуваа предноста до крајот на натпреварот притоа постигнувајќи 21 тројка.
– Го направивме тоа што требаше да го направиме, остваривме две победи на домашен терен. Ќе видиме дали ќе играме во ист ритам и на гости – изјави Кевин Дурент.
Токму Дурент беше најпрецизен играч кај Бруклин со 32 постигнати поени, додека Кајри Ирвинг натпреварот го заврши со 22 поени. Во тимот на Милвоки, Јанис Адетокумпо беше најдобар со 18 поени и 11 скокови.
Феникс санс поведе во серијата против Денвер нагетс откако на првиот натпревар славеше со 122:105. Денвер беше подобар тим во првото полувреме, а во третата четвртина предноста изнесуваше десет поени (70:60), но „сонцата“ предводени од Крис Пол успеаја да направат пресврт. Тие на влезот во последната четвртина веќе имаа предност од 88:79 по што без проблеми ја одржуваа предноста и на крајот славеа со 17 поени разлика.
Микал Бриџис со 23 поени беше најпрецизен кај Феникс, Крис Пол даде 21 поен и 11 асистенции, девин Букер исто така даде 21 поен.
Во тимот на Денвер, Никола Јокиќ беше прво име со 22 поени и девет скокови.