ВИДЕО | Бритни Спирс на одмор со непознат маж: Повеќе нема бурми на раката на пејачката и Сем Асгари

Фото: Инстаграм/Бритни Спирс/Сем Асгари

Американската пејачка Бритни Спирс (41) отпатува на Хаваи со приватен авион со долгогодишниот пријател и менаџер Кејден Хадсон, додека нејзиниот сопруг Сем Асгари престојува во Лос Анџелес.

Сепак, Дејли Меил тврди дека има знаци дека бракот на Спирс и Асгари е на работ да се распадне, бидејќи наводно и двајцата излегуваат без бурми. Тие пишуваат дека актерот бил виден како излегува без прстен додека Бритни била на Хаваи, а велат дека и таа го извадила прстенот пред да оди на Хаваи со Хадсон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by River Red (@britneyspears)

Тие исто така истакнуваат дека двојката, која е во брак од 2022 година, наводно веќе некое време се соочувала со проблеми и дека Бритни поради тоа „побегнала на Хаваи“. Бритни редовно известува од Хаваи преку Инстаграм, објавувајќи слики и видеа од неа и Хадсон, а на едно од нив се гледа како ужива на една од плажите додека нејзиниот менаџер ја снима.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by River Red (@britneyspears)


Гласините дека нешто не е во ред меѓу Бритни и Сем започнаа на почетокот на март кога Спирс објави видео на кое таа и нејзиниот сопруг се забавуваат на плажа, но со значајна порака. “Мексико, пред да се омажам. Бев толку среќна таму”, напишала Спирс, што многумина го протолкуваа дека денес повеќе не е среќна.

Исто така, фановите веќе некое време се загрижени за нејзиното здравје и среќа, особено по испадот во ресторан во ЛА каде таа била со својот сопруг. ТМЗ тогаш тврдеше дека Бритни имала испад бидејќи видела како некои гости во ресторанот ја снимаат. Потоа почнала да зборува глупости и да се крие зад менито, а нејзиниот сопруг потоа излегол од локалот и ја оставил сама.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by River Red (@britneyspears)


После тоа, обожавателите испратија полиција до нејзината врата за да ја проверат и да се уверат дека ништо лошо не ѝ се случило, а на крајот таа самата се огласила.

„Оваа недела беше во вестите дека за малку ќе умрев и дека имам менаџер и лекари. Немам менаџерски тим и немам никого во животот. Немам лекари. Земам Прозак за депресија и тоа е тоа. Јас сум многу досадна личност“, рече неодамна Спирс.

Повеќе вести за Бритни Спирс:

Бритни Спирс доживеала нервен слом? Се однесувала манијакално и изговарала бесмислици

Сопругот на Бритни Спирс: Не ја контролирам ни вечерата, а камоли неа

Бритни Спирс е револтирана: Ме дрогираа со литиум и не ми дозволуваа да излезам од дома

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот