Домородните демонстранти го блокираа влезот на конференцијата на ОН за климата/Фото: Pablo PORCIUNCULA / AFP / Profimedia

ВИДЕО | Бразил: Домородни демонстранти го блокираа влезот на конференцијата на ОН за климата

Десетици домородни демонстранти утрово го блокираа влезот на местото на самитот за климатски промени КОП30 со седење, принудувајќи некои делегати да влезат низ спореден влез за да ги продолжат преговорите за справување со климатските промени, објави Вашингтон пост.

Мирниот протест предизвика засилено обезбедување и долги редици делегати кои чекаа да влезат во комплексот, изграден на местото на стар аеродром во амазонскиот град Белем.

Демонстрантите бараат бразилската влада да ги запре сите владини проекти во Амазон, вклучувајќи ја рударството на метали, сечата, дупчењето нафта и изградбата на нови железнички линии за транспорт на минерални и земјоделски производи.

Во вторникот, на 11 ноември, десетици домородни демонстранти успеаја да влезат на локацијата на КОП30 и се судрија со обезбедувањето на влезот. Подоцна ги бранеа своите постапки, велејќи дека сакаат да го покажат својот очај во нивната борба за заштита на шумите.

Бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва изјави дека домородните заедници имаат клучна улога во преговорите за КОП30 оваа година.

ВИДЕО | Демонстранти упаднаа на Конференцијата на ОН за климата во Бразил, има и повредени

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот