ВИДЕО | Бојчев: Како младите преку Еспортот ги живеат соништата

Феномени со Борјан Бојчев/ Фото Слободен печат

Еспортот како индустрија веќе е позната со децении, но со ковид-пандемијата, кога младите низ светот беа затворени во своите домови, забележи голем подем. Во минатото, родителите им велеле на децата да не си го губат времето на видео игри, но сега тие времиња се сменети. Во оваа индустрија има награди од милиони евра, а просечните плати знаат да одат и до десетици илјади евра месечно.

Еспортот е начин на кој младите конечно од нивните омилени видео игри можат професионално да се натпреваруваат, во некои случаи претставувајќи ја својата држава.

Оваа индустрија е толку развиена што, на пример, на светското првенство во играта „Дота 2“, најголемата награда изнесува 32 милиони евра. Десетици милиони луѓе постојано ги следат овие натпреварувања, а пред пандемијата, ваквите турнири ги полнеа салите низ Европа и светот.

Интересно е што Македонија е двократен светски првак во „Кантер Страјк ГО“, но во медиумите малку им се даде внимание на овие млади луѓе.

Каква е иднината на Еспортот во Македонија, која има многу деца кои од свои рани години ги играат ваквите видео игри останува да видиме.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот