ВИДЕО: Блажевска Еминова триумфираше во својата квалификациска група на 100 метри слободно

Фото: facebook.com/pvkorionskopje

Нашата најмлада олимпијка на Летните олимписки игри во Токио Миа Блажевска Еминова денеска во квалификациите оствари победа во својата група во дисциплината 100 метри слободно.

Македонската пливачка Блажевска Еминова триумфираше во втората кваликафикациска група со резултат 57,19 секунди. Тоа е за шест стотинки послабо од нејзиниот личен резултат.

Второпласирана во групата беше Џилијан Крус од Кајманските Острови која заостана 0,13 стотинки, а на третата позиција се Ард Јенџира Сриса од Тајланд.

Фото: Принтскрин/olympics.com/tokyo-2020

Нашата 15-годишна натпреварувачка го заврши настапот на 40 место од вкупно 52 пријавени во оваа дисциплина.

Најдобрите 16 пливачки од вкупно седум квалификациски групи се пласираа во полуфиналето.

Резултатите во оваа дисциплина од сите квалификациски групи можете да ги погледнете ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот