ВИДЕО | Бизарен перформанс на келнерка во Хрватска: ,,Го палела шанкот” со 80-процентен алкохол, па ги запалила и гостите

Четири лица се тешко повредени, а три лица се полесно повредени во ноќен  клуб во Карловац во Хрватска, каде избил пожар. Пожарот се случил, затоа што келнерката нестручно се однесувала со алкохолните пијалаци.

Полицијата соопшти дека утринава во 2 часот и 30 минути по полноќ, добиле дојава дека во угостителски објект во Карловац, се повредени повеќе луѓе.

Со увидот на местото е утврдено дека 7 лица се полесно или потешко повредени поради изгореници кои настанале зашто келнерката нестручно се однесувала со алкохолните пијалаци. Таа имала 23 години. За уживање на гостите таа извела настап ,,палење на шанкот” но одненадеж повредени биле неколку лица. Таа ракувала со пијалак кој во себе содржел 80 проценти алкохол и се користи за коктели.

– Келнерката го запали шанкот и огнот се прошири и кај нас, ми се запали целата лева страна од главата, односно косата. Видов дека еден од моите најдобри пријатели,Ивица гореше, се фрлаше и се тркалаше на подот, се обидувавме да го изгасиме. Сестра ми ја снема во тој момент, речиси беше згазена од толпата – рескажува девојка која била присутна.

На социјалните мрежи има видео од целиот настан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот