ВИДЕО | Бислимоски: Ниту еден киловат час неиспорачана топлинска енергија нема да им се наплати на граѓаните

Марко Бислимоски
Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика /Утрински брифинг

Дали се остварени регулаторните стандарди со влегувањето на владата да обезбеди доволно енергија за греење и што понатаму со БЕГ го прашавме Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика.

-Во однос на топлинската енергија ова беше единствен начин оти компанијата БЕГ немаше доволно финансиски средства и ликвидност за да набавува гориво. Парното требаше да поскапи 200 проценти и на крајот се изнајде овој начин, владата да го преземе производството и проблемот со ликвидноста ќе биде надминат, а во следниот период Регулаторна комисија ќе направи анализа како се набавува природен гас и како се движат цените, вели Бислимоски за Утрински брифинг.

Граѓаните плаќаат цела година за парно греење и за очекување е да добијат греење во зима.

-Во однос на неиспорачана топлинска енергија, ниту еден киловат час од оваа неиспорачана топлинска енергија нема да им биде фактуриран на потрошувачите кога ќе се прави порамнување во мај. Ние како Регулаторна комисија добивме многу поплаки од незадоволни корисници на парно греење и голем број беа надминати. Ситуацијата сега е далеку подобрена, но не може да се очекува дека ќе се обезбеди температура од 24-25 степени како што имаше во минатото, вели Бислимоски.

За враќањето на дозволата за работа на БЕГ Регулаторна ќе одлучува подоцна откако ќе ја разгледа ситуацијата.

-Снабдувањето со топлинска енергија е монопол направен со приватизирање на Топлификација во 1999 година. Оттогаш има само проблеми. БЕГ ја презеде во 2013  година и компанијата има три лиценци, додава тој.

За овие лиценци Обвинителството води истрага против членовите на претходниот состав на Комисијата.

-Да, така е, но јас не би навлегувал во тоа. Целиот систем ни е погрешно поставен. Сега е вистински момент работите да се постават на вистинско место. Треба да се има предвид дека производството и дистрибутивната мрежа имаат измешана сопственост, вели Бислимоски.

Тој додава дека за Град Скопје да си ја врати пред сѐ дистрибутивната мрежа и парно греењето прво треба да покаже волја. Апсолутно постои можност оваа комунална услуга да се врати под ингеренции на градот.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот