ВИДЕО: Бискупот Киро Стојанов се сретна со папата
Скопскиот бискуп и струмичко-скопски епарх на Католичката црква, Киро Стојанов, учествувал на генералната аудиенција, што на плоштадот Свети Петар во Ватикан ја предводел папата Лав 14-ти. Стојанов во средата бил и на Конференцијата за семејство и живот организирана од Советот на Европските бискупски конференции, а имал и кратка средба со папата.
Препорачано
-На кратката средба со папата Лав, епископот Стојанов го поздравил од верниците на Католичката црква од Македонија, пренесувајќи му дека Црквата моли за него и го замоли за благослов на верниците и сиот македонски народ и граѓаните на Македонија и ги препорача во неговите молитви, пишува порталот „Католици.мк“.
Вчераутро, бискупот Стојанов сослужувал на светата литургија во базиликата Свети Петар, на гробот на Свети Јосафат, епископ и маченик за единство на христијаните.
-Светата архиерејска Литургија ја предводеше епископот Григориј Комар, Апостолски администратор за верниците Украинци во Италија, а сослужуваа и епископите во мирување Дионизиј и Иринеј Билек, пишува порталот.
На Генералната аудиенција присуствувала група од Македонија, кои се на поклоничко патување во Рим по повод Јубилејната година, а во организација на Делото Мариино.


