ВИДЕО | Бендевска: Секој има право и треба да се бори за своето право, а за тоа има институции

Весна Бендевска, претседателка на Државната комисија за заштита од дискриминација
Весна Бендевска, претседателка на Државната комисија за заштита од дискриминација / Утрински брифинг

Државната комисија за спречување и заштита од дискриминација има висока самостојност и е битна во моментов во контекст на изјавите на припадници на бугарското малцинство во Македонија кои велат дека во Македонија им се загрозени правата а нема каде да се жалат. Но, минатата година има само еден случај за поднесок за дискриминација поради бугарско самочувство.

-При крајот на минатата година беше поднесена само една постапка од граѓанин кој се пожали дека е дискриминиран на работното место – вработен во мала рурална локална самоуправа – поради неговото лично чувство дека има бугарско потекло. Ние сме должни да ја прашаме и другата страна. Одговорот беше интересен. Секој вработен во образецот М1/М2 се изјаснува по националност. Жалителот тука се изјаснил како етнички Македонец, па оттука не му е нарушено правото на еднаквост со неговото сменување од работното место, вели Весна Бендевска, претседателка на Државната комисија за заштита од дискриминација.

Таа вели дека ги охрабруваат сите граѓани кои се чувствуваат дискриминирано по кој било основ – етнички, родов, сексуален, политички и други основи, да поднесат претставка до Комисијата.

-Ние имаме веб страница на која може да се добијат детални податоци за тоа какви случаи имаме, колку се решени, до каде е постапката по одредени случаи, а ново е што можат и да поднесат претставка електронски, вели Бендевска.

Таа вели дека има ефект од нивната работа иако некои од дискриминаторите не ја признаваат Комисијата оти не им е јасна нејзината надлежност.

Претставки може да поднесуваат и правни лица, главно станува збор за здруженија кои се борат против дискриминациски основи. Бендевска вели дека најмногу од претставките што ги добиле се поврзани со дискриминација на работното место.

-Граѓанинот не мора ни да знае како да ја формулира претставката, доволно е да изнесе поради што ја поднесува претставката. Ние имаме право без најава да влеземе кај пријавениот за дискриминација и да извршиме увид па да го формулираме основот или основите на дискриминација, вели Бендевска.

Проследете го целиот разговор во видеото

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот