ВИДЕО | Белата куќа на состанок со 30 инфлуенсери: Ова е првата војна што се следи на „ТикТок“

украина
Ели Зеилер / Фото: Принтскрин/ТикТок

Белата куќа одржа виртуелна средба со 30 млади влијателни инфлуенсери на „ТикТок“ по што веднаш на своите интернет- профили проговорија за темите за кои разговарале на средбата.

Меѓу нив била и 18-годишната Ели Зеилер, која ја следат повеќе од 10 милиони луѓе на „ТикТок“. Набргу по состанокот, Ели објави видео со наслов „Зошто бензинот е толку скап?“ во кое таа ја објасни поврзаноста на ситуацијата во Украина со цените.

„Русија е еден од трите најголеми производители на нафта и всушност е нивниот прв извор на приход. Сега кога Путин ја започна оваа страшна борба меѓу Украина и Русија, никој не сака да работи со него и да врши меѓународна трговија“, вели таа.

@elliezeilerLink in my bio to help ❤️♬ Partition – Beyoncé

Дали овие млади луѓе се платени за објавување на вакви содржини?

Имено, брифингот го водела Џен Псаки во Советот за национална безбедност и портпаролка на Белата куќа, а аудио снимка од состанокот беше објавена и на „SoundCloud“.

Овие 30 млади луѓе не биле случајно избрани. Инфлуенсерите со кои контактирале од Белата куќа се дел од коалицијата „Gen Z for Change“. Горенаведената Ели Зеилер во своето видео не криеше дека била на состанок во Белата куќа, туку ги изнесе информациите кои ги дознала на средбата. Веста за средбата со претставниците на Белата куќа беше објавена и на профилот на коалицијата „Gen Z for Change“.

„Многу луѓе се свртуваат кон дигиталните креатори за да дознаат повеќе за руската инвазија на Украина. Вчера бевме поканети на состанок од Белата куќа за да не информираат за стратегијата на САД во врска со Украина, за да можеме полесно да ги разоткриваме дезинформациите“, се вели на профилот на коалицијата чии членови, според некои извори, имаат вкупно половина милијарда следбеници.

@genzforchange It’s important to know what you’re advocating for. #genzforchange #ukraine #whitehouse @victoriahammett ♬ original sound – Gen-Z for Change

Ги пренесуваат истите пораки

Сите млади луѓе кои присуствувале на состанокот сега известуваат за нешто слично – дека американската администрација на средбата ја нагласила соработката со сојузниците, им ја објаснила помошта што САД ѝ ја нуди на Украина и дека прават се за да се обидат да спречат поголем конфликт.

Потегот на американската администрација доаѓа додека во Русија се повеќе се зборува за дезинформации каде Владимир Путин ја оправдува инвазијата со лажни тврдења за Украина, пишуваат американските медиуми. Имено, „Vice News“ пред неколку дена откри дека Русите им плаќаат на влијателни луѓе на „ТикТок“ за да ја шират пропагандата на Кремљ.

Пропагандната кампања продолжи дури и откако Русија го забрани „ТикТок“ во таа земја. Регрутирањето на тиктокери се одвивало преку „Телеграм“, а на креаторите им биле дадени строги упатства што да објавуваат, па дури и кои емотикони да ги користат.

Се разбира, по оваа средба, многумина на социјалните мрежи ги нападнаа Бајден и американската администрација дека со тинејџерската армија „се обидуваат да го камуфлираат фактот дека цените пораснале пред руската инвазија“ и дека „се борат против методите на Путин“. Во секој случај, едно е јасно – моќта и влијанието на луѓето на социјалните мрежи, за жал, ѝ се јасни и на Белата куќа.

Првата војна што се следи на „ТикТок“

Социјалните мрежи во овој конфликт се покажаа како поважни од било кога и се користат подеднакво од двете страни. Украинскиот претседател Володимир Зеленски редовно ѝ се обраќа на нацијата преку социјалните мрежи со селфи снимки, а популарен е и официјалниот твитер-профил на Украина, каде може да се најдат различни пораки до Русија.

Експертите за дигиталните социјални медиуми веруваат дека има три причини зошто видеата на Зеленски веднаш ја направија војната во Украина полична и звучна за многумина. Тоа се автентичноста на пораките, поврзувањето со гледачите на социјалните мрежи и непосредноста на самите пораки.

Итните пораки објавени од Зеленски беа клучни за создавање армија на онлајн корисници кои ја шират својата поддршка и посветеност споделувајќи детали за собирање средства или добротворни цели за украинскиот народ. На самиот почеток на конфликтот, светските медиуми често ја опишуваа војната во Украина како „првата војна што можеме да ја гледаме во живо на ТикТок“. Многу Украинци сè уште известуваат за своето секојдневие на таа социјална мрежа, известуваат дури и војници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот